Трката за ГН на Велика Британија „виси“ поради правилата за карантин

Календарот во Формула 1 претрпи многу промени оваа сезона поради коронавирусот, а можно е да остане без уште една трка, онаа за Големата награда на Велика Британија, поради правилата кои ги изгласа Владата и стапија на сила во земјата.

Сите што влегуваат во Велика Британија мора да минат низ 14-дневен карантин, а од Формула 1 сметаат дека овој закон може да ја донесе под знак прашалник трката на „Силверстоун“.

Портпаролот на Ф1 истакна дека оваа мерка е непотребна за возачите и за тимовите, затоа што сите ќе пристигнат во Британија тестирани и ќе патуваат во ист авион.

Новата сезона од Формула 1 е планирано да стартува на почетокот на месец јули со трката за ГН на Австрија, а веќе се одложени десетина трки од календарот.