Трката за ГН на Италија ќе се вози во Монца најмалку до 2024 година

Монца

Новиот петгодишен договор на Формула 1 шампионатот со организаторите на ГН на Италија набрзо ќе биде потпишан и претставен на пошироката јавност.

Патеката Монца долги години е домаќин на најдобрите светски пилоти, а со новата спогодба, на која фалат само финансиските детали, ќе продолжи да биде на календарот намалку до 2024 година.

Прославената италијанска патека оваа сезона ќе ги пречека екипите на 8 септември.

Од вкупно 21 трка во шампионатот, дури четири се неизвесни за наредната сезона. Се работи за Велика Британија, Мексико, Шпанија и Германија.

Новина во 2020 година ќе биде трката во Виетнам, а се шпекулира дека Холандија би можела да добие шанса да биде организатор по далечната 1985 година.