Трката за ГН на Австралија ќе биде најбрзата во историјата

Организаторите на Формула 1 трката за Големата награда на Австралија објавија дека оваа сезона ќе бидеме сведоци на најбрзата трка во историјата на оваа патека.

Додадена е нова четврта ДРС зона која се посакуваше лани, но не се направи на патеката „Алберт Парк“. Според новите проценки, брзината на патеката во Мелбурн во новата сезона ќе може да достигне 340 километри на час и тоа ќе биде најбрзо што некогаш се случило на оваа патека.

Трката за Големата награда на Австралија е планирана да се вози во рамки на третиот круг од сезоната 2023, а е закажана на втори април.