Трката во Мексико останува на Ф1 календарот

Месико ГН

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудиа Шеинбаум Пардо, потврди дека градот ќе остане дел од календарот на Ф1.

Утре во нејзината канцеларија треба да пристигне Жан Тод, претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), за да стави потпис на нов договор.

„Патеката во Мексико Сити и понатаму ќе биде дел од Ф1 возбудувањата. Утре заедно со Жан Тод ќе потпишеме нов договор. Сето ова е возможно благодарение на неколку бизнисмени кои помогнаа да се оствари оваа замисла“ , вели Пардо.

Првата трка во Мексико се возеше далечната 1962 година, а третата фаза во Ф1 за градот започна во 2015 година.