• Иван Димовски
Повеќе од два месеца по трката за Големата награда на Монако, сè уште нема конечен одговор кој го освоил третото место. Меѓународниот апелациски суд на ФИА денеска во Париз ги разгледува жалбите на Мекларен и Ред Бул за пласманот од трката на 7 јуни.
Пјер Гасли првично ја мина целта како трет, но по две казни од по пет секунди поради надминување на брзината во пит-ленот падна на седмото место. За трет беше прогласен Исак Хаџар, кој дури се искачи на подиумот и го прослави пласманот. Подоцна, сепак, беше откриено дека имало проблем со системот за мерење на брзината. По дополнителните податоци од Алпин, стјуардите ги поништија двете казни и повторно го поставија Гасли на третото место.
Токму ова предизвика нов правен спор. Ред Бул се жали поради загубеното трето место на Хаџар, додека Мекларен смета дека ситуацијата е неправедна бидејќи Оскар Пиастри својата казна ја одработил во текот на трката и никој не може дополнително да му го врати загубеното време.
Сослушувањето започна денеска во 09:00 часот во седиштето на ФИА во Париз и е затворено за јавноста. ФИА најави дека одлуката ќе биде објавена што е можно побрзо по завршувањето на постапката. Повеќе од два месеца по Монако, официјалниот поредок сè уште може да претрпи промена, а денешната одлука потенцијално ќе создаде и важен преседан за идни слични случаи.