• Иван Димовски
Поранешниот возач на Формула 1, Роберт Кубица е еден од победниците на трката 24 часа Ле Ман. Кубица со својот Ферари заедно со Јифеи Је и Фил Хансон беа најбрзи и стигнаа до победата на култната трка за издржливост.
Ова беше трета победа на Ферари во низа во Ле Ман. Од трите возачи на АФ Корс (тим под Ферари) за првпат во својата кариера победи на оваа трка имаа Кубица и Је, а исто така тоа беа историски победи и за Полска и Кина како земји. Досега само Хансон се имаше радувано на победа во Ле Ман во 2020 година.
На второто место заврши тимот на Порше Пенске Моторспорт за кој возат Естре, Вантор и Кампбел. Потоа следуваат двете триа на Ферари АФ Корс во кои возат Гиуди, Каладо и Џовинаци кои беа бронзени, како и Фуоко, Нилсен и Молина во четвртопласираниот тим.
Интересна сцена се случи утрово кога Кубица доби тимска наредба да вози зад тимот со број 51 кој заврши на третата позиција, ама Полјакот имаше подобро темпо и ја одби наредбата.