• Саше Љолес
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата за трката која се вози за Големата награда на Унгарија.
Леклер извозе неверојатен круг и малку ризикуваше со својата брзина, но успеа да ја надмудри конкуренцијата и заслужено ќе ја стартува трката од првата позиција.
За Ферари ова е прва пол-позиција сезонава, што секако дава надеж за успешна трка на возачите и евентуално освојување нови бодови во генералниот пласман.
Интересно е што разликата меѓу возачите од првото до четвртото место изнесуваше само 0,053 секунди. Зад себе ги остави колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, а четврти беше Џорџ Расел од Мерцедес.
Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози на трети август, а почетокот е закажан за 15:00 часот.
ФОТО/PHOTO: Formula 1/Twitter/X