Три нови откажувања во Мото ГП, додадена една трка во календарот

Мото

Мото ГП трките во Малезија, Аргентина и Тајланд дефинитивно нема да се возат во тековната сезона.

Поради ваквата одлука, ќе биде додадена уште една трка која ќе се вози во Европа. Детали околу домаќинот на истата ќе бидат соопштени на 10 август.

Во меѓувреме, трката во Тајланд ќе остане во календарот до 2026 година, по успешните преговори кои се водеа во изминатите месеци.

Фабио Квартараро ја искористи повредата на Марк Маркез за да слави на воведните две трки. Засега тој останува на врвот во генералниот пласман и се очекува така да биде додека Шпанецот не се врати на патеките.