Тод: Тој што ќе успее да го грабне Фетел ќе биде голем среќник

Жан Тод, претседателот на ФИА, ја коментира ситуацијата со Себастијан Фетел, германскиот формула 1 пилот кој од наредната година ќе биде слободен агент затоа што ќе се раздели со Ферари.

Германецот си оди, а на негово место доаѓа младиот Карлос Саинц. Тод истакна дека се работи за врвен пилот кој важел за еден од најголемите таленти во автомото спортовите и потенцира дека оној што ќе го донесе ќе биде голем среќник.

„Себастијан Фетел е еден од најголемите таленти во автомото спортовите. Пред него сигурно има многу можности за продолжување на кариерата. Му посакувам да ги реализира сите идеи. Кој тим ќе успее да потпише со него, ќе биде голем среќник“, вели Тод.

Како најсериозен кандидат за потписот на Фетел се споменува екипата на Мерцедес.