Тод: Шумахер е подобар, заедно ги гледаме Ф1 трките

Шумахер

Животот на Михаел Шумахер целосно се промени по скијачката несреќа во Франција. Од тој момент, најблиските до славниот Формула 1 шампион во тајност го чуваат неговото здравје.

Претседателот на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА), Жан Тод, откри дека состојбата на Германецот е подобра.

„Здравјето на Шуми е подобро. Заедно ги гледаме трките во Ф1 шампионатот во неговата куќа во Швајцарија.

Михаел нема да се предаде, ќе продолжи да се бори. Тој е во најдобри раце и добро е чуван. Нашето пријателство секако дека не е исто поради комуникацијата, но јас секогаш ќе бидам тука за него“, вели поранешниот шеф на Ферари.

Шумахер ја удри главата на карпа додека скијаше во француски скијачки центар и до денес постојано е под надзор на медицински лица.