• Сашо Поповски

Австралиецот Тоби Прајс е нов победник на релито Дакар 2016 година, во категоријата мотори. Тој е прв возач од Австралија што победил во досегашните 38 изданија на трката.
Прајс ја наследи круната од минатогодишниот победник, Марк Кома, кој не учествуваше на овогодишната трка. На второто место заврши Словакот Стефан Свитко (КТМ) со заостанување од 39 минути и 41 секунда. Последното место на подиумот му припадна на Пабло Куинтаниља (Хускварна) од Чиле, со заостанување од 48 минути и 48 секунди.
Со оваа победа на КТМ, продолжува доминацијата во категоријата на мотори, која гласи 15 последователни години со титула.