• Иван Димовски
Тинејџерот кој вози за Мерцедес АМГ во Формула 1, Кими Антонели стигна до сензационална пол-позиција во квалификациите за спринтот пред трката за Големата награда на Мајами.
Талентираниот Италијанец кој има само 18 години уште еднаш покажа зошто Мерцедес му веруваше и извозе перфектно во скратениот формат на квалификациите за спринт трката. Антонели извозе најбрз круг во последниот сегмент со 1:26,482 минути.
Зад себе младиот возач на Мерцедес го остави дуото од Мекларен. Лидерот во генералниот поредок Оскар Пиастри имаше само 0,045 секунди побавно време, а Ландо Норис доцнеше 0,1 секунда.
Од четвртото место ќе тргне Верстапен пред Расел, Леклер, Хамилтон, Албон, Хаџар и Алонсо.