• Саше Љолес
Настапот на Исак Хаџар на претстојната трка во Формула 1 е сериозно доведен во прашање. Возачот на Ред Бул се здобил со повреда на зглобот за време на тренинг во сала и најверојатно нема да биде подготвен за трката во Зандворт.
Од Ред Бул засега нема официјална потврда, но според информациите на „Скај“, францускиот возач најверојатно ќе мора да ја пропушти трката.
Доколку тоа се случи, неговото место во Ред Бул ќе го преземе Лиам Лосон, кој моментално настапува за Рејсинг Булс. Во вториот тим, пак, се очекува Јуки Цунода да го замени Лосон и да вози заедно со Арвид Линдблад.
Хаџар ќе има две недели за да се опорави и да биде подготвен за следната трка во Монца на 6 септември. По 11 комплетирани трки, Хаџар е осми во генералниот пласман со 68 бодови, додека неговиот тимски колега Макс Верстапен има 109.
Формула 1 се враќа по летната пауза, а трката за Големата награда на Холандија ќе се вози во недела од 15:00 часот.