Тежок удар за Мартин: Заврши во болница и ја пропушта трката во Австралија!

Хорхе Мартин доживеа тежок пад на спринтерската трка за Големата награда на Австралија, по кој заврши во болница со скршеници на подлактицата.

Шпанецот падна во осмиот круг, додека возеше зад Марк Маркес, и нема да настапи на утрешната трка. Неизвесни се и неговите настапи во Малезија и Катар, што е сериозен удар за неговите амбиции во шампионатот.

Во меѓувреме, Маркес со победата во спринтот го презеде водството во генералниот пласман и доби дополнителна предност во борбата за титулата.