ВИДЕО: Тешка незгода на Магнусен на квалификациите за ГН на Канада

Данскиот Ф1-возач Кевин Магнусен нема по добро да ги памети квалификациите за ГН на Канада затоа што доживеа тешка незгода по која за среќа остана неповреден.

Магнусен прво се судри во едниот ѕид, а од силината на ударот заврши во другиот. Квалификациите веднаш беа прекинати и беше подигнато црвеното знаме, додека патеката не се исчисти и ситуацијата стабилизира.

Болидот на Магнусен е тотално уништен и не се знае од која позиција ќе стартува на трката за ГН на Канада.