Тензиите се зголемуваат, Формула 1 останува без две трки во календарот!

Светската автомобилска федерација (ФИА) и организаторите на Формула 1 ја најавија одлуката за откажување на трките што требаше да се одржат во Бахреин и Саудиска Арабија во април, поради ескалацијата на конфликтот во регионот и загриженост за безбедноста и логистиката на тимовите.

Двете трки кои беа планирани како четврта и петта рунда од календарот на сезоната 2026, најверојатно ќе бидат тргнати од распоредот, што значи дека шампионатот ќе остане со вкупно 22 трки. 

Одлуката е донесена поради тековните тензии во Блискиот Исток, кои влијаат на меѓународниот авио‑сообраќај, безбедноста на луѓето и организациските предизвици за пренесување опрема и персонал.

Клубовите, организаторите и ФИА ги следат случувањата и наскоро ќе ја утврдат официјалната одлука за календарот и можните измени, но засега се очекува трките да бидат откажани без замена во истиот термин.