• Мартин Танасковски
Таткото на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, Ентони, ќе започне да работи во Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), каде што ќе биде одговорен за развојот на младите возачи.
Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, е импресиониран од работата на Ентони Хамилтон како дел од Патеката за развој на млади возачи во текот на изминатите 18 месеци.
Очекувањата се дека оваа иницијатива сега ќе биде под капата на ФИА, а Хамилтон ќе стане официјален вработен во организацијата.
Желбата на Ентони Хамилтон е да ги заштити младите возачи и да помогне во подобрата организација на националните јуниорски првенства.