• Иван Димовски
Карлос Саинц ја завршни најплодната ера во својата кариера во Формула 1, откако по четири сезони се раздели со италијанскиот гигант Ферари.
Шпанскиот возач ги забележа единствените четири победи во кариерата со болидот на Ферари, а во последните три сезони имаше вкупно шест подиуми. Сепак, тој заминува и ќе продолжи со Вилијамс. По крајот на сезоната Ферари традиционално одржа божиќна забава на која поканет беше и Саинц.
Дека е гигант Ферари потврди со својот последен гест. Италијанскиот тим му подари автомобил во вредност од 2,2 милиони евра. Саинц си доби „Ферари Дејтона СП3“ специјално обележан со бројот 55 кој го имаше, како и натписот „Smooth Operator“. Саинц во неколку наврати ја пееше оваа позната песна кога бележеше добри резултати со тимот.
Carlos Sainz tiene un Ferrari Daytona SP3 personalizado.
“Smooth Operator”
— ElReyGuiri (@ElReyGuiri) December 19, 2024
Ферари сакаше достојно да се прости со Саинц и му даде подарок што не се заборава.