• Иван Димовски
Светот на автомобилизмот тагува бидејќи почина Еди Џордан, легендарниот сопственик на тимот Џордан во Формула 1.
На 76-годишна возраст поранешниот прв човек на тимот кој стана хит ја загуби битката за животот. Тој боледуваше од рак на простата, а според информациите тоа е причината за неговата смрт.
„Со длабока тага објавуваме дека почина Еди Џордан, поранешен сопственик на тим во Формула 1, ТВ аналитичар и бизнисмен“, објавија од семејството.
Еди Џордан се прослави во авто-мото спортовите во периодот кога го формира тимот Џордан и беше негов сопственик од 1991 до 2005 година. Овој тим во Формула 1 имаше 250 трки и четири победи, а во историските книги е запишано дека токму во Џордан дебитираше големиот Михаел Шумахер.