Сузуки го напушта МотоГП шампионатот на крајот од сезоната

Јапонскиот производител на мотори Сузуки соопшти дека по разговор со челниците донесена е одлука да се напушти МотоГП шампионатот по крајот на сезоната.

Уште на почетокот на мај се пишуваше на големо за оваа одлука, меѓутоа многумина беа скептици затоа што немаше официјална потврда. Сепак, Сузуки соопшти дека заминува, а како причина ја посочи моменталната економска ситуација.

Сузуки во 2011 година исто така го напушти МотоГП, ама се врати во 2015 година. Оваа сезона возачи на тимот се Жоан Мир кој стана шампион во 2020 година како и Алекс Ринс.