• Мартин Танасковски
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Велика Британија, 12. трка во сезоната во Мото ГП шампионатот. Шпанецот на патеката „Силверстоун“ стигна до својата прва пол-позиција со Априлија, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:56.160 минути. Мартин беше побрз од Раул Фернандез од Трекхаус за само 21 илјадитинка од секундата.
Првиот стартен ред целосно ќе биде во знакот на Априлија, бидејќи третото место го освои тимскиот колега на Фернандез, Аи Огура, кој заостана 189 илјадитинки зад Мартин. Четврти во квалификациите беше Фабио ди Џанантонио од тимот ВР46, додека петтото место му припадна на Марко Бецеки, минатогодишниот победник на Силверстоун. Зад него заврши актуелниот светски шампион Марк Маркез.
Квалификациите ги одбележа и разочарувачкиот настап на Франческо Бањаја. Возачот на Дукати беше само шести во првиот квалификациски сегмент, што е негов најлош резултат сезонава, па неделната трка ќе ја започне дури од 16. позиција. Интересно е што од 2014 година наваму ниту еден возач кој ја освоил пол-позицијата не успеал да триумфира на Големата награда на Велика Британија. Последен на кого тоа му успеало бил токму Марк Маркез.
Спринт-трката на Силверстоун е закажана за денеска од 17:00 часот, додека главната трка во кралската класа ќе се вози во недела со почеток од 14:00 часот.