ВИДЕО: Стравичен инцидент пред Ф1-трката на „Имола“!

Возачот на Реде Бул Рејсинг, Јуки Цунода, доживеа страшен инцидент на квалификациите за трката во Имола, која се вози за Големата награда на Емилија-Ромања во Италија. 

Јапонецот излета од патеката, болидот се преврте и удри во заштитната ограда, но за среќа мина без никакви последици.

Главната трка за Големата награда на Емилија-Ромања се вози утре, а почетокот е закажан за 15:00 часот.