Страшно излетување во Формула 1: Младиот Берман удри во бариерите со „50-џи“ (ВИДЕО)

Младиот возач на Хас, Оли Берман, имаше сериозен инцидент на трката за Големата награда на Јапонија, откако излета од патеката во 22. круг при голема брзина.

Иако сударот изгледаше застрашувачки, по деталните прегледи беше утврдено дека Британецот нема скршеници, туку само контузија на коленото. Од тимот потврдија дека нема потешки повреди, иако при ударот бил изложен на сила од дури „50 G-force“.

Станува збор за екстремно оптоварување кое е 50 пати поголемо од Земјината гравитација, што значи дека телото на возачот трпи огромен притисок при нагло запирање.

И покрај сериозноста на инцидентот, напредните безбедносни системи во Формула 1 повторно ја покажаа својата важност, спречувајќи потешки последици за младиот возач.