• Саше Љолес

Трката за Големата награда на Монте Карло отсекогаш важела за една од најопасните во Формула 1 циркусот и тоа се потврдило со многу инциденти низ годините, а таков беше случајот и на денешната трка во која Серхио Перез доживеа страотен судир.
Мексиканскиот возач на Ред Бул Рејсинг Хонда беше удрен од позади од Кевин Магнусен, загуби контрола, силно удри во заштитната ограда, остана без половина болид и се судри со Нико Хулкенберг.
За среќа, Перез излезе од болидот и се чини дека мина без посериозни повреди, а доколку Магнусен биде казнет за ударот, најверојатно ќе добие суспензија од една трка поради казнени поени.
На патеката веднаш излезе безбедносното возило, а трката е во прекин откако беше истакнато црвеното знаме.