ВИДЕО: Страотен пад на Маркез во Малезија, пол-позицијата за Квартараро

Малку фалеше од голем инцидент на денешните квалификации МотоГП трката за Големата награда на Малезија. 

Марк Маркез, иако веќе ја обезбеди својата нова шампионска титула, сезоната сака да за заврши со стил. Но, утрово на патеката „Сепанг“ имаше стравичен пад, но на негова среќа заврши без посериозни повреди. 

Така, Шпанецот на утрешната трка ќе стартува од 11-тата позиција, додека на квалификациите најбрз беше Фабио Квартараро од тимот на Петронас Јамаха СРТ. Веднаш до него, утре ќе стартуваа возачите на Јамаха, Маверик Вињалес и Франко Морбидели.

Легендарниот Валентино Роси застана на шестото место, додека Андреа Довициозо трката ќе ја започне од десеттата позиција.