Стефановски го оштети возилото и не ја заврши втората трка во Монца

Игор Стефановски - Иџе ќе остане без бодови викендов во ТЦР-шампионатот во Италија затоа што не ја заврши втората трка.

Македонецот по пет извозени круга се судри во едно од возилата кое се изврти, па го оштети возилото и не можеше да продолжи, па мораше да се повлече надвор од патеката.

Стефановски имаше инцидент и на вчерашната прва трка кога прокоцка подиум и по судир падна на 14-тото место.

Игор Стефановски во новата сезона на ТЦР-шампионатот во Италија има 52 освоени бода.