Стефановски финишира шести на првата трка на Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски ја заврши првата трка на патеката „Имола“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија и дојде до бодови.

Популарниот Иџе финишира на шестата позиција. Тој беше во битка за повисок пласман до последниот круг, но не успеа да го мине Ахмадов од Русија и да заврши како петти.

Победник на првата трка е шпанскиот возач Микел Аскона. Инаку, за него ова беше прв настап во ТЦР-Италија.

Втората трка во ТЦР-шампионатот се вози утре (недела) од 12:20 часот.