• Иван Димовски
Стефано Доменикали ќе остане на функцијата извршен директор на Формула 1 уште барем пет години.
Ова го соопшти компанијата сопственик на комерцијалните права на шампионатот „Либерти Медиа“. Поранешниот шеф на Ферари се приклучи во водечкиот тим на Формула 1 во 2021 година и оттогаш спортот напредуваше, иако можеби не по негова директна заслуга.
Сепак, Доменикали е популарен во „кремот“ на овој спорт и доби нов договор со Формула 1. Договорот е потпишан до 2029 година, а со него се става крај на шпекулациите дека ќе прејде во Мото ГП, шампионат за кој исто така комерцијални права има „Либерти Медиа“.
Тој во својата кариера се истакна работејќи во Ферари од 2008 до 2013 година, а потоа даде оставка и прејде во Ауди.