Стартот на Мото ГП сезоната одново пролонгиран, откажана трката во Херез

Херез

Пандемијата на коронавирусот го пролонгира стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот.

Борбата за бодови и титула требаше да започне на патеката „Анхел Нието“ на трети мај, но поради лошата ситуација во Шпанија, трката е одложена. Големата награда на Шпанија беше планирана за почетокот на месец мај, а сега организаторите ќе мора да пронајдат нов термин на одржување.

Трката во Катар е откажана, настаните во САД и Аргентина имаат нови термини, а трката во Тајланд е преместена за октомври.

Во зависност од опасноста, и натаму не се знае дали воопшто може да се очекува почеток на сезоната во Ле Ман, Франција.