Спектакуларен камбек на Саинц, Гутиерез втора жена која победила етапа на Дакар

Карлос Саинц прв ја заврши воведната етапа на релито Дакар и покрај тоа што денот го стартува на 24. место. На возењето од Џеда до Биша со должина од 622 километри, од кои 277 специјални искусниот возач беше најбрз во конкуренцијата на автомобили со време од 3:50,00, оставајќи го Петерхансел зад себе со 22 секунди заостанок. 

Во категоријата на мотоцикли најбрз беше Тоби Прајс, кој за 3:17,49 пристигна во Биша и беше само 35 секунди побрз од Бенавидес и Валкнер кои минаа низ целта во ист момент. 

Интересно, Дакар ја доби втората жена која победила етапа по Јута Клеиншмид која беше и целокупен победник. Денес во категоријата на лесни возила прва низ целта мина Кристина Гутиерез која оствари време од три часа 35 минути и 56 секунди. Иако Шпанката се пријави за настап на Дакар во последен момент, веднаш покажа дека ќе се бори во машката конкуренција и обид да го стигне достигнувањето на Германката.

Втората етапа од најопасното рели на светот ќе се вози утре од Биша до Вади ад-Давасир и тоа со долги 685 километри, од кои 457 специјални.