• Мартин Танасковски
Шпанскиот МотоГП возач Алекс Маркез ја заврши спектакуларната трка во Херез со победа, по триесет одлични круга на асфалтот во јужна Шпанија.
И не само што Алекс Маркез победи по хаосот во Херез, туку сега е и најдобар возач во Мото ГП шампионатот со 131 поен, додека неговиот постар брат Марк Маркез има 129. На подиумот му се придружија Фабио Квартараро и Франческо Бањаја.
Потоа следуваат Вињалес, Диџанантонио, Биндер, Акоста, Огура, Бастианини, Марини, Зарко, Ринс, Марк Маркез...
Ова е прва победа на Алекс во Мото ГП натпреварувањето и воедно е историска, затоа што браќата Алекс и Марк Маркез станаа први браќа со победа во најбрзата мото класа.