Сопругата на Шумахер го прекина молкот шест години по несреќата

Поминаа скоро шест години од кобната скијачка несреќа на Михаел Шумахер по која германскиот пилот се наоѓа врзан за болнички кревет.

Првпат откако се случи несреќата, во јавноста зборуваше неговата сопруга Корина која рече:

„Ние се обидуваме на секој начин да му помогнеме, во тоа може да бидете сигурни. Зошто е цела оваа тишина околу неговата состојба? Само ја исполнуваме желбата на Михаел целата ситуација да ја чуваме во тајност. Тој направи се за мене, морам и јас да го направам тоа за него“, вели сопругата на големиот Ф1 шампион.

Таа вели дека нејзиниот сопруг е во најдобри можни раце, а доколку има големи промени, јавноста веднаш ќе биде известена.