„Со Хонда можеби ќе ги срушев рекордите на Агостини“

Роси Агостини

Валентино Роси е голема легенда на Мото ГП шампионатот и цели 24 години е дел од овој спорт.

Италијанскиот возач ќе остане запаметен како еден од најголемите, кој сепак жали што најверојатно нема да има можност да ги сруши рекордите на големиот Џакомо Агостини.

„Тоа беше секако врвот на мојата кариера. Ја напуштив Хонда, која беше далеку супериорна во однос на останатите и отидов во Јамаха, која минуваше низ проблеми.

Јас воопшто не би го менувал тоа што сум го направил за време на мојата кариера, тоа беше моја одлука и стојам на неа. Точно е дека понекогаш мислам на сè што можев да освојам ако останев уште пет години во јапонската марка. Можеби би ги срушил рекордите на Агостини (15 Светски првенства и 122 победи)“, вели популарниот „доктор“.

Поминаа цели 10 години од последната светска титула на Роси, кој се чини дека тешко ќе го повтори овој успех, со оглед на доминацијата на Марк Маркез.