Следната сезона во Формула 1 ќе има шест спринт трки

Следната сезона во Формула 1 календарот се вметнати шест спринт трки. Тоа го потврдија челниците на овој спорт преку официјалните канали на социјалните мрежи. 

Првата спринт трка во 2025 ќе се вози во Кина, потоа во Мајами, Белгија, Остин, Бразил и Катар. Овие трки ќе се возат во март, мај, јули, октомври и две во ноември. 

Форматот на спринт викендот нема да се менува, тоа го потврди извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали. Челниците сметаат дека сегашниот модел е ефикасен и подобар од првичниот.