Следната Мото ГП сезона со две екстра трки, познат е календарот

Водечките луѓе на Мото ГП го објавија календарот за следната сезона во 2025 година. 

Почетокот на сезоната е закажан за во Тајланд, трката е на втори март. Од друга страна, крајот е планиран за Валенсија на 16 ноември. 

Следната кампања во најбрзата класа на мотоцикли ќе се возат 22 трки. Тоа е за две трки повеќе од оваа година. На календарот се враќаат две возења во Европа и тоа трките за Големата награда на Чешка и за Големата награда на Унгарија во Брно и Балатонфокајар.

Сезонава во Мото ГП е доста интересна, трката за титулата ја предводи Жоан Мартин, а го предизвикуваат шампионот Бањаја, Бастианини и Маркез.