Сите возачи во Формула 1 добиваат „Driver’s Eye“ камери

Формула 1 секоја сезона воведува по некој нов технолошки изум. Сега, потврдено е дека технологијата која се тестираше во минатите неколку сезони, конечно доаѓа во целост во мото-спортот. 

Имено, Формула 1 потпиша договор со „Racing Force Group“ и од 2023 година секој возач на својата кацига ќе има камера. Тоа досега беше случај само како тест, на одредени возачи на трките, меѓутоа сега камерите наречени „Driver’s Eye“ ќе бидат присутни кај сите на гридот. 

Се работи за микро-камери кои ќе бидат сместени на страничниот дел на кацигите. Тежат само 1,43 грама, со дијаметар од осум милиметри, во висина на очите на возачите. ФИА дозволи користење на оваа технологија, откако тестовите се покажаа како успешни.