Сингапур не сака ноќна Ф1-трка на „Марина Беј“ без навивачи

Формула 1 шампионатот ги одложи првите десет трки поради пандемијата со коронавирусот која владее во светот, а се се очекува да продолжи во месец јуни.

Со трката за ГН на Австрија се очекува старт на новата сезона, а првите трки ќе бидат без публика. Трката за ГН на Сингапур е една од оние во календарот, треба да се вози во септември, арно ама организаторите не сакаат таа да биде без навивачи.

„Ние и понатаму ја пратиме ситуацијата. Наш најголем приоритет останува сигурноста на сите учесници“, велат организаторите од Сингапур.

Настанот на „Марина Беј“ се вози во ноќен термин и затоа е атрактивен за сите. Моментално во земјата има 28.000 луѓе заразени со коронавирусот.