• Иван Димовски

По неколкумесечно чекање, се крена завесата на новата Формула 1 сезона. Со двата официјални тренинзи на патеката Сакир во Бахреин, започна новата сезона во најбрзиот мото-циркуз.
Во двете петочни сесии, неверојатен перформанс покажа двократниот шампион, Фернандо Алонсо. Искусниот возач „леташе“ со својот Астон Мартин, предупредувајќи ја конкуренцијата за темпото на овој тим. На првиот тренинг Алонсо се пласира меѓу двата болиди на Ред Бул, забележа 0,438 секунди поспоро време од Серхио Перез кој беше прв. Зад Верстапен финишираа Ландо Норис, Шарл Леклер и Ланс Строл.
На попладневната сесија, Алонсо издоминира. Тој забележа апсолутно најдобро време од 1:30, 907 минути, што беше за 0,169 побрзо од Верстапен и 0,171 од Перез. Возачите на австрискиот тим ги следеше Леклер, додедка неговиот тимски колега Саинц се мачеше со темпото.
Квалификациите утре се закажани во терминот од 16:00 часот, во колку што се вози и трката в недела.