• Иван Димовски
Синот на легендарниот шампион Михаел, Мик Шумахер, по крајот на сезоната повеќе нема да биде резервен возач на Мерцедес во Формула 1.
На младиот Германец изгледа му здодеа да чека шанса, јасно е дека гридот е пополнет и нема да има место за него во следната сезона, па реши да си ја побара среќата на друго место. Шумахер две години работеше како резервен возач на Мерцедес, доби неколку тренинг сесии, а главно работеше во симулаторите.
Во меѓувреме Мик Шумахер почна да се натпреварува и во Светскиот шампионат во издржливост, каде што возеше за Алпин и во минатата сезона. Сега тој целосно ќе се посвети на овој тип на натпреварување.
Во сезоната која заврши Шумахер финишира на 22. Место меѓу возачите, најдобриот пласман му беше третото место на трката Шест часа во Фиџи, а не ја заврши само 24-часовната трка во Ле Ман.