Шумахер сакаше само еден човек да ги сруши неговите рекорди

Шумахер

Себастијан Фетел е голем пријател на Михаел Шумахер. Седумкратниот светски првак има голема почит за својот сонародник и сакаше токму тој да ги сруши неговите рекорди.

Во интерјву пред осум години, екс членот на Ферари објасни зошто тогаш возачот на Ред Бул заслужува да биде на врвот.

„Фетел е вистински шампион. ако би сакал некој да ги сруши моите рекорди, тогаш сакам тоа да биде тој“, изјави Шумахер.

Меѓутоа, она што требаше да го направи Фетел, му успеа на Луис Хамилтон. Британецот е блиску до надминување на сите достигнувања на легендарниот Германец. 

Засега двата стојат на седум светски титули. Оваа година возачот на Мерцедес се бори за рекорден осми успех во Формула 1 шампионатот.