Шумахер првпат се појавил во јавност, на венчавката на својата ќерка?

Англиските и германските медиуми пишуваат дека легендарниот Михаел Шумахер имал прво појавување во јавноста, но на приватна церемонија за венчавката на неговата ќерка Џина. 

Според пишувањата, Шумахер заедно со своето семејство престојувал во семејната вила во Мајорка, каде што била одржана приватна венчавка на Џина и нејзиниот партнер Иан Бетке. Се работи за приватна церемонија со најблиското семејство, а според информациите на случувањето телефоните биле забранети со цел да не се појави никаква опасност од фотографирање. 

Се верува дека ова е првото јавно појавување на Шумахер пред поголем круг од најтесното семејство, иако и на венчавката тој не бил заедно со сите гости туку само со своите најблиски. 

Инаку, церемонијата се случувала во вилата која семејството Шумахер ја купи за 30 милиони евра своевремено од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.