Шумахер пренесен во клиника во Париз на таен третман!?

Шумахер состојба

Легендата на Формула 1 шампионатот, Михаел Шумахер ја продолжува својата најголема битка во животот, по кобната несреќа и падот во 2013 година кој се случи на француските Алпи. 

Од тогаш, па сè до денес неговата здравствена ситуација се чува во тајност, а според последните објави на француски „Ле Паризиен“, Шумахер бил пренесен во париска болница на таен третман. 

Наводно, со амбулантно возило со женевски регистарски таблички, Шумахер тајно бил пренесен на кардиоваскуларната клиника „Жорж Помпиду“ во француската престолнина. 

Според истиот медиум, Шумахер, со носилка покриена со темносина боја за да се сокрие неговото лице, успешно беше пренесен во болницата, од каде засега немаат ниту потврдено ниту демантирано дека легендарниот Ф1 возач е нивни пациент.