Шумахер „јуниор“: Целта ми е само Формула 1

Мик Шумахер, синот на Ф1-легендата Михаел Шумахер, вели дека уште сонува да вози во Формула 1 и уште не се откажал да влезе во најквалитетното авто-мото натпреварување, иако сега вози во Формула 3.

„Целта ми е да станам дел од Формула 1. Никогаш не сум се откажал од намерата. Сега сум фокусиран само на себе и на своите настапи. Не ме интересираат други. Одам чекор по чекор и се подготвувам за иднината. Во првата сезона на Формула 3 се трудев да учам што е можно повеќе. Кога ќе се чувствувам подготвено, ќе го направам следниот чекор“, изјави Мик.

Од младиот Мик во иднина се очекува многу, а медиумите веќе долго време велат дека тој ќе го наследи неговиот татко Михаел во Ф1.