• Мартин Танасковски
Ралф Шумахер упати јасна порака до ветераните во Формула 1, откако изјави дека време е Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон да се повлечат и да им отстапат место на помладите возачи.
Двократниот светски шампион Алонсо летово ќе наполни 45 години, додека седумкратниот првак Хамилтон веќе има 41 и двајцата се највозрасните пилоти на патеките. Според Шумахер, иако двајцата оставиле огромна трага во спортот, нивното време полека изминува.
„Хамилтон е во подобра позиција оваа сезона, но во текот на цел шампионат нема да има шанса против Леклерк. Истото важи и за Алонсо. И двајцата имаа фантастични кариери, но дојде момент да им дадат простор на младите таленти“, изјави Шумахер.
Како идеален наследник на Хамилтон во Ферари, Германецот го посочи Оливер Берман, актуелниот возач на Хаас.