Што му треба на Верстапен за да стане шампион во Сингапур

Макс

Макс Верстапен имаше конкуренција само на почетокот од сезоната. Актуелниот шампион во Формула 1 покажа доминација во изминатиот период и сега се наоѓа на чекор од повторување на минатогодишниот успех.

24-годишниот Холанѓанец има пет победи во низа. Тие го носат блиску до новиот шампионски трофеј, кој може да го обезбеди уште овој викенд. На програмата е трката во Сингапур, а Верстапен може да стане шампион втора последователна година ако се случат следните сценарија:

  • ако победи, а Леклер се пласира на деветтото место или има полош пласман
  • ако победи со најбрз круг, тогаш Леклер ќе биде доволно да заврши на осмата позиција

Многумина не веруваат дека возачот на Ферари ќе има толку лош викенд. Поради тоа, прогнозите се дека членот на Ред Бул ќе се радува на трката во Јапонија.