Што му треба на Хамилтон да ја прослави титулата на патеката во САД

Луис Хамилтон

По славјето на патеката „Ерманос Родригез“ во Мексико, Луис Хамилтон стигна на чекор од шестата титула во кариерата.

Британскиот возач на Мерцедес, кој доминира во последните три години во Ф1 шампионатот, за време на викендот кој следува одново би можел да се круниса за светски првак. За тоа да се случи ќе му требаат само четири поени, без разлика што ќе направи неговиот клупски колега и главен конкурент во генералниот пласман, Валтери Ботас.

Калкулации на Хамилтон за ГН во САД:

  • станува шампион ако се пласира меѓу првите осум, без разлика на пласманот на Ботас
  • станува шампион ако е 9-ти или 10-ти, ако Ботас не победи на трката
  • станува шампион ако не освои бодови, а Ботас е второпласиран или со полош пласман

До крајот на сезоната има три трки. По САД и Бразил, следува финалниот настан во Абу Даби.