Шпанецот Раул Фернандез е победник на спринтот за ГН на Холандија

Возачот на тимот Трекхаус, Раул Фернандез, победи на денешната спринт-трка која се возеше во рамки на Големата награда на Холандија во Мото ГП шампионатот. 

Фернандез во Асен стигна до првата спринт-победа оваа сезона, оставајќи ги зад себе Аи Огура и Фабио Ди Џанантонио. 

Лидер во генералниот пласман е Марко Бецеки, кој денес заврши на четвртото место, а бодови освоија уште Хорхе Мартин, Франческо Бањаја, Марк Маркез, Енеа Бастијанини и Педро Акоста.

Трката за Големата награда на Холандија се вози в недела, со почеток во 14:00 часот.