• Саше Љолес
Следната година Шпанија ќе добие нова патека на која ќе се возат трки од престижната Формула 1, а организаторите официјално објавија дека нејзиното име ќе биде „Мадринг“ (Madring).
Интересното име беше официјално соопштено откако беше потпишан десетгодишниот договор со Формула 1. Патеката се наоѓа во близина на најголемиот мадридски аеродром Барахас и е изградена на простор каде постоеле изложбени хали и магацини.
„Името на патеката има цел да воспостави концизен и незаборавен идентитет кој директно упатува на градот-домаќин. Мадрид е познат ширум целиот свет, сакаме тоа да остане така и во иднина“, соопштија организаторите.
Називот малку наликува на „Ред Бул Ринг“ во Австрија и „Хунароринг“ во Унгарија, но во секој случај фановите на социјалните мрежи пишуваат дека „идејата е оригинална и одлично звучи на англиски јазик“
Мадрид ќе биде домаќин на Формула 1 трка најмалку во следните десет години. Новата сезона во најпрестижниот авто-мото шампионат започнува викендот помеѓу 14 и 16 март.