Шокантен потег на Педроса: Пилотот на Хонда најави пензија од Мото ГП!

Дани Педроса пензија

Неочекувани вести се раширија меѓу фанови на Мото ГП шампионатот, а истите гласат дека Дани Педроса, членот на Хонда, ќе стави крај на својата кариера на крајот од тековната сезона.

Очигледно дека доаѓањето на Хорхе Лоренцо во екипата го натера да ја донесе оваа шокантна одлука. 32-годишникот од Сабадељ дебитираше во 2001 година и во текот сите овие години возеше моторцикл Хонда.

„Ова е одлука која ја размислувам подолго време и секако е многу тешка за мене, бидејќи се работи за спорт кој многу го сакам. Но, и покрај многуте можности да продолжам во друга екипа, сметам дека мојот ентузијазам во мене повеќе не е оној истиот. Сега гледам други приоритети во мојот живот“ , изјави шпанскиот пилот.

Во „кралската“ класа, Педроса има 31 победа и дури 113 пати се појавил на пиедесталот. Меѓутоа, она што му недостасува е шампионската титула, која му побегна во три наврати, кога заврши на втората позиција во генералниот пласман (2007, 2010 и 2012 година).