Шефот на Ред Бул: Верстапен е подобар од Хамилтон

Верстапен

Младиот Холанѓанец Макс Верстапен вози во одлична форма и со оглед на не толку конкурентниот болид, постигнува одлични резултати во тековната Ф1 сезона.

Тоа го потврди и неговиот шеф во Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој вели дека според моменталната форма, 21-годишникот е подобар од Луис Хамилтон.

„Што да кажам за Макс ќе биде премалку. Тој е најдобар во последните 12 месеци. Подобар е и од Хамилтон.

Од минатогодишната трка во Монтреал, кога започнавме да го користиме овој болид, тој нема направено ниту една грешка. Не знам како да ви објаснам“ , вели Хорнер.

Потврда за одличните изданија на холандскиот возач беше победата на последната трка во Австрија. Таму во завршницата успеа да го добие дуелот со Чарлс Леклерк од Ферари.